Категории

ЧИЗМИ КОИ ГИ НОСАТ САМО НАЈМОДЕРНИТЕ ЖЕНИ: Овие модерни чизми одат со сè, а се исклучително се ефектни

Модата е превртлива дама – некои правила кои што важеа до вчера сега веќе не важат! Екстравагантни, ефектни чизми во неверојатни бои сега се носат со сите модни комбинации!

Сребрените или златните чизми некогаш беа резервирани исклучиво за вечерни модни комбинации, но модата за зимата 2020 година носи нови правила! Животински принт, односно крокодилска кожа или нејзина имитација, е поврзана со боите на оваа година, така што во модните престолнини на Европа се носат екстравагантни чизми со најразлични капути, фустани и панталони …

Тие исто така одлично изгледаати со фармерки, тврдат трендсетерките.

Во стилот на седумдесетите, со дебела штикла, малку заоблен врв и малку поширок калап до колена, изработени од кожа од крокодил и, згора на тоа, златни, овие чизми го привлекоа вниманието на модните гурмани веднаш штом се појавија.

Невозможно беше да не ги забележите оваа есен за време на Модната недела во Њујорк, Лондон, Париз и Милано.

И тоа е точно нивната поена, тие навистина мораат да бидат забележани.

Овојакцесоар веднаш го воздигнува стајлингот и го става фокусот на целиот изглед.

Од вас зависи која боја ќе ја изберете и видот на петицата.

 

Прегледи:
541
Објавено на:
09.01.2020