Да, знаеме дека тоа е тешко да се прифати, но вистината може да го залечи вашето срце многу побргу ако не си дозволите повторно да ве скрши сето она кое и онака сте го знаеле цело време:
„Да сакал да биде со тебе, би бил со тебе.“
Милион можни сценарија. Полесно е ако тој е само обичен кретен кој мисли само на себе, кој те користи за да може да ја направи љубоморна некоја друго, ако те искористува, се однесува лошо спрема тебе, ако те гази или нешто друго.
Но многу е потешко ако тој е добар дечко, а ти сеедно мораш да го пуштиш. Кога ќе ти каже дека си неверојатна личност, но сепак не чувствува исто како и ти. Или кога вистински му се допаѓаш, но не мисли дека си онаа вистинската. Или ако нема подеднакво силни чувства и и не е искрен со тебе. Или ако не можеш да се одлучи, збунет е а збунетоста е само негов начин да ти каже „Не.“
Да би сакал да биде со тебе веројатно не би се премислувал туку би знаел дека го сака тоа.
Но без оглед на тоа дали е тој супер дечко, кретен или нешто измеѓу, кога тој ќе каже „Не.“ веќе се работи за вас или него, туку за тебе и тоа како ќе продолжиш со својот живот понатаму. Без оглед на тоа каква е ситуацијата, како тој се однесува спрема тебе, колку добро сте се забавувале – тој не сака да биде со тебе. И тоа е вистина. И тоа ќе биде твојот камен од кој ќе се сопнуваш следните недели или месеци. И тоа е она кое ќе ти помогне да го пронајдеш својот мир поврзано со крајот на односот, неуспешните афери или тоа што повеќе не сакате да разговарате со еден со друг.
Грда вистина, но сеедно вистина, која ќе ти помогне да продолжиш понатаму е:
„Да сакал да биде со тебе, би бил со тебе.“
Многу е лесно да омекнеш и да помислиш „Само му треба време или простор“ или „Само се плаши од поврзување и треба да го уверам дека тоа е вистина убаво“ или „Тој подигнал ѕидови околу себе а јас ќе ги срушам“.
Сети се на тоа што го чувствуваш спрема него. Колку твоите чувства се лесни, природни и очигледни. Како немаш потреба да се прашуваш дали сакаш да живееш со него затоа што тоа нешто едноставно го чувствуваш. Сети се дека иако и ти се плашиш да се отвориш и некој може да те повреди, ти сеедно си желна да се обидеш затоа што така си одлучила. Си сакала да бидеш со него па си била. Одлуката била едноставна.
Можеш ли сега да замислиш дека ги чувствуваш сите тие нешта, но сепак си одлучила да не бидеш со него?
Затоа ти е скршено срцето – затоа што тој не чувствува исто како и ти. Тој не се почувствувал сигурен како и ти, а ти тоа не можеш да го промениш. Не можеш да се „поправиш“ затоа што со тебе се е во ред и не си направила ништо погрешно. Тоа е вистина. Неговото срце е на друго место. Тоа е навистина, навистина грозно, но е потребно да го прифатиш тоа.
Можеби ќе ти требаат недели или месеци за да преболиш. Можеби и подолго. Ќе боли. Некои денови ќе бидат очајни, а други ќе ти бидат во ред. А мала утеха во сето тоа е: Можеш да дозволиш твоето срце да се скрши еднаш, наместо да го кришиш милион пати уверувајќи се себеси дека погрешило, дека веројатно му недостигаш и би требало да му се јавиш.
Сакај се себеси доволно за да можеш да си признаеш искрено на себеси:
„Да сакал да биде со тебе, би бил со тебе.“