Категории

Шок на доделувањето на Греми наградите: Ѕвездите во солзи му оддадоа почит на славниот кошаркар

Свеченоста на доделувањето на Греми наградите ја отвори Lizzo со песните “Truth Hurts” и “Cuz I Love You” кои му ги посвети на починатиот Коби, а и се приклучиле и DJ Khaled, Bebe Rexha и бројни други изведувачи.

Шок и тага го означија доделувањето на Греми наградите во Стејплс Центар во Лос Анџелес, местото каде што Коби Брајант играше 20 години за тимот на ЛА Лејкерс. На неговата трагична смрт на самиот почеток на доделувањето на Греми наградите се обратија голем број познати музички ѕвезди.

Водителка на доделувањето на наградите беше пејачката Алиша Кис, која истакнала дека е ужасно тажна поради смртта на кошаркарот. На сцената на Стејплс Центар и се придружила и групата Boyz II Men заедно изведувајќи ја песната “It’s So Hard to Say Goodbye to Yesterday”.

„Стоиме со скршени срца во салата која ја изгради големиот Коби Брајант. Америка и целиот свет денес изгубија вистински херој. Не можев ни да претпоставам дека денес вака тажно ќе го отвориме доделувањето на Греми наградите, изјавила пред настапот Алиша Кис.

Во Стејплс Центарот цела ноќ беа истакнати дресовите на Коби. Бројни музички ѕвезди му оддадоа почит на Коби Брајант.