Категории

Децата не разликуваат раса и религија: Овие 5-годишни најдобри пријатели решиле да ја „збунат“ наставничката

Петгодишниот Јакс и неговиот најдобар пријател Реди во еден момент посакале да се пошегуваат со својата наставничка,  па решиле да направат иста фризура со надеж дека нивната наставничка нема да може да ги разликува.

Во објавата на Фејсбук профилот на Лидија, мајката на Јакс, таа го опишала заговорот на својот син со најдобриот другар заедно со фотографијата каде што малите момчиња имаат исти фризури. „Единствената разлика која што Јакс ја гледа меѓу нив е нивната коса“, напишала таа во објавата. 

Од децата честопати можеме да научиме нешто, а особено кога станува збор за искрено пријателство кое не препознава раса, вера, религија.

Прегледи:
706
Објавено на:
28.01.2020