Категории

Љубовта има своја граница: Нејзиното име е достоинство!

Љубовта не смее да биде слепа!

Достоинството е признание дека сме достојни за подобри нешта. Не дозволувајте да го изгубите поради било кој. Пабло Неруда рекол дека љубовта е кратка но долго се заборава.

Љубовта секогаш ќе има граница, а тоа е достоиство, затоа што почитувањето кое секој од нас го гаи спрема себе, има доста висока цена и никогаш нема да прифати љубов која не не исполнува, која боли и не прави ранливи.

Но во меѓувреме, секогаш постои онаа ламбичка која светнува кога крајот ќе дојде и покажува каде се наоѓа границата, да не потсети дека е подобро да поминеме долго време во заборавање, отколку на крајот да го продадеме нашето достоинство.

Понекогаш едноставно не постои друго решение освен да заборавиме на она што сме сеќавале за конечно да го запомниме она што вреди, затоа што достоинството не смееме да го изгубиме никогаш. За љубов не се моли и гордоста и достоинството не смееме да ги изгубиме по никоја цена.

Без оглед дали веруваме или не, достоинството е кревко, тоа е деликатна линија која многу пати ја загрозуваме и многу пати непосакувано ја преминуваме.
Поразот во вистинско време секогаш ќе вреди повеќе од победата ако успееме да излеземе од битката со високо подигната глава и целосно срце. Мачењето и страдањето не спаѓаат во здравата и достојна љубов.

Љубовта не смее да биде слепа!
Секогаш мораме да сме стремиме кон подобри нешта и никогаш не смееме да се задоволуваме со нешто кое ни го крши срцето, не повредува и ранува. Не дозволувајте си да го изгубите достоинството поради никого.

Прегледи:
737
Објавено на:
11.02.2020