Случка од животот на Лав Николаевич – Толстој која ќе ги во стопли срцето.
За разлика од многу богати луѓе во неговото време, Лав Николаевич ги пронаоѓал своите пријатели помеѓу сиромашните сењаци.
Еден ден во добата на гладот во Русија, Толстој поминал покрај стар просјак на една селска улица.
Човекот бил валкан а неговата коса замрзена, облеката му била распарталена и нечиста.
Лав Николаевич го погледнал и прво почувствувал сожалување, а потоа и љубов: „Кутар, кутар човек“, помислил. „Морам да направам нешто да му помогнам. Радо би му дал се што имам.“
Побарал во своите џепови и јакна но не можел да најде нити една пара.
„Ох не, веќе ги дадов своите пари. Немам ништо за овој кутар изгладнет човек.“
Толстој го прегрнал просјакот и го бакнал на неговиот валкан образ. „Те молам, прости ми“,прошепотил писателот. „Брате мој, ги побарав сите џебови но не ми останало ништо за да ти дадам.“
Солзи потекле по образите на стариот просјак, но очите му заблескале од радост. Беззабата насмевка го осветлила неговото лице. „Но ме нарече брат, тоа е бесценет подарок.“