Веројатно многу пати сте го слушнале изразот дека „мажите никогаш не созреваат“, односно продолжуваат да се однесуваат како деца и во подоцнежната доба во животот. Еве што тврдат новите истражувања по ова прашање
Многу веруваат дека во машко-женските односи, жените се оние кои ја превземаат одговорноста и се однесуваат зрело а истражувањето на научниците од Оксфорд има објаснување за ова.
Неодамна спроведеното истражување се занимаваше со проучување на разликата во зрелоста во развојот на мажите и жените. Беа споредени резултатите и извлечени заклучоци за можните разлики.
Целта на истражувањето на научниците беше да откријат во која доба функцијата на мозокот се менува во текот на созревањето, а во која останува иста. Се користеше магнетна резонанца за да се проследи активноста на мозокот на 121 учесник на возраст од 4 до 40 години.
Она што го открија резултатите е дека мозокот на мажот има ист потенцијал за функционирање во секојдневниот живот, посилниот пол многу често покажува одредено одложување во долгорочниот развој на функционалната мрежа во споредба со жените.
Тоа може да трае околу 40 години, но важно е да се нагласи дека жените порано покажуваат нарушување на овие функционални мрежи.