Категории

Овие 3 услуги за убавина ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРАТЕ да ги откажете за време на коронавирусот

Ноктите ви се во хаос, вие само што решивте да ја промените фризурата…

Вè разбираме, но во оваа ситуација треба да разберете дека некои работи се поважни, додека другите можат да почекаат со сигурност.

Со оглед на новонастанатата состојба сокоронавирусот, ве советуваме да одложите одредени козметички услуги додека не се стабилизира ситуацијата.

Сега е важно да бидете трпеливи.

Ви откриваме кои третмани за убавина се помеѓу првите кога станува збор за откажување, односно точно кои треба да ги избегнувате:

 

Третмани за коса

Дури и ако сте имале закажано со вашиот фризер, пред шест месеци за промена, можете да почекате барем уште еден месец. Не е паметно да се занимавате со третмани за коса, бидејќи друг клиент веројатно ќе седи до вас: не можете да знаете дали тој неодамна бил во странство, ниту пак дали имал контактирано со некого.

Во секој случај, подобро е да ја одложите посетата на салонот. Покрај тоа, сега има различни производи за нега на коса достапни дома.

 

Третмани на лицето

Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува преку капки. Затоа, треба да имаме помалку контакт со други луѓе.

Замислете колку е близок со васкозметичарот при третман на лицето. Многумина продолжуваат да го „игнорираат“ овој вирус затоа што велат дека имаат добар имунитет или дека се во процес на инкубација.

Современата козметика ќе ви помогне да ја направите потребната постапка дома.

 

Маникир

Вирусот „Ковид-19“ може да влезе во телото преку устата, носот или очите ако ги допрете со валкани (и евентуално контаминирани) раце. Силно се препорачува да ги следите основните правила за хигиена и да користите средства за чистење.

Многу е тешко да се контролира ситуацијата за време на маникир, бидејќи вашите раце се на работната површина околу еден час. Можете лесно да го пропуштите моментот кога ќе го допрете лицето.

И, се разбира, има и моментот кога некој ќе ве допре, а вие не можете да знаете дали таа личност е пренесувач, дури и ако таа личност, во тој момент се чувствува добро.

Ве советуваме да го исфрлите вашиот редовен маникир како можност да направите мала пауза од гелот.

Прегледи:
452
Објавено на:
27.03.2020