Ова е најбрзата техника на фарбање на јајца со која ќе добиете необични велигденски јајца
Ако сакате да пробате нов начин на фарбање на велигденски јајца, нашиот предлог е – фарбање со помош на ориз.
Потребно ви е:
-варени јајца
-пластична чаша со капак
-ориз
-прехрамбена боја
Постапка:
Ставете го вареното јајце во пластична чаша и потоа истурете ориз и боја преку него. Поклопете ја чашата и протресете. Ќе добиете јајце исфарбано со точки. Едноставна и брза техника која дава интересни резултати.
За повеќе детали, погледнете го видеото подолу.