Што го очекува вашиот хороскопски знак овој месец?
ОВЕН
Во некои периоди од месецот ќе се чувствувате како сите да се против вас, но веќе во втората средина од мај, ќе добиете покана за забава која нема да можете да ја одбиете и тогаш напнатоста ќе исчезне. Некој ваш пријател ќе ве запознае со нова личност која можеби ќе стане дел од вашиот живот. Вашиот среќен ден овој месец е 16. мај.
БИК
Вашата работа и завршувањето на веќе започнатите проекти, ќе ви бидат во прв план месецов, а гледајте сето тоа да го завршите уште на почетокот на месецот, бидејќи тогаш ќе бидете полни со енергија. Иако звучи досадно, сѐ што ќе направите ќе биде во ваша корист. На средина на месецот најверојатно ќе бидете фокусирани на една одредена личност. За време на викендот неочекувано ќе научите нешто ново, или ќе сфатите дека долго време сте грешеле во врска со нешто што ви е важно.
БЛИЗНАЦИ
Смирете се и бидете сериозни на почетокот на месецот. Бидете подготвени да направите добар план и држете се до тоа. Само така ќе можете квалитетно да ја извршите работата која е пред вас. На некој член од вашето семејство ќе му бидат потребни пари и ќе побара од вас. На љубовно поле буквално ви цветаат рози. Ќе се чувствувате исполнето во текот на целиот месец, а главниот виновник за тоа ќе биде вашиот партнер.
РАК
Оваа недела посветете ја на одмор за потоа со наполнети батерии да можете да ги извршувате сите обврски кои ве очекуваат. Ќе посветите доволно време на вашиот партнер, и поради тоа љубовта ќе ви биде возвратена. Во средина на месецот ќе добиете пријатно изненадување кое ќе го подобри вашето расположение. Вашиот среќен ден овој месец е 22 мај.
ЛАВ
Вашите среќни денови допрва доаѓаат, затоа не разочарувајте се доколку некои денови од месецот кој ви претстои почувствувате монотонија. Кон крајот на месецот, ќе се чувствувате многу сакано, и поради тоа ќе влијаете многу позитивно на вашата околина. Вашиот среќен ден овој месец е 10 мај.
ДЕВИЦА
Првата недела на месец мај нека ви помине во знакот на убавината. Дозволете си шопинг и некој козметички третман. Ќе се чувствувате толку убаво во вашата кожа, со што ќе зрачите околу вас. Но, и работата не може да чека, па затоа потрудете се да ги завршите сите работни обврски на време. Вашиот среќен ден овој месец е 12 мај.
ВАГА
Потрудете се да не бидете толку директни кон пријателите и обидете се вашите мислења да си ги задржите за себе. Можеби ќе бидете преоптеретени овој месец со обврски на работа, а колегите ќе ви одат на нерви со нивните коментари, но на крај сѐ добро ќе заврши. Ве очекува прекрасно помината романтична вечер со вашиот партнер исполнета со многу игри.
ШКОРПИЈА
Полн погодок! Овој месец секојдневно ќе измамува насмевки на вашето лице и ќе остави траги од среќа до крајот на годината. Едноставно сѐ ќе ви оди од рака, семејството, работата, пријателите, па дури и љубовта. Викендов, спремете се за добра забава со пријателите, а слободното време искористете го покажувајќи ги вашите кулинарски способности и подготвувајќи им некој од вашите вкусни специјалитети.
СТРЕЛЕЦ
Бидете трпеливи и не ја трошете енергијата залудно. Еден од најубавите периоди штотуку доаѓа, па фокусирајте се на тоа. Со прифаќањето на вашата моментална финансиска состојба ќе отидете чекор напред. Следете ја својата интуиција и така ќе ги решите сите проблеми. Кога ќе одите на некој деловен состанок, или кога ќе имате собир со пријатели, повторно ќе сретнете некоја личност што ви оставила добар впечаток првиот пат кога сте ја виделе.
ЈАРЕЦ
Како и секогаш, вашата мистериозност и саркастичност ќе го нервира вашиот партнер, па поради тоа можно е да дојде и до прекин на врската. Ве очекува повик од личност која го повредила вашето его во минатото, па месецов ќе имате можност да ги израмните сметктите. Посветете повеќе внимание на вашето семејство, во последен период поради вашите љубовни проблеми се одалечивте од сите.
ВОДОЛИЈА
Со својата харизма насекаде ќе плените и нема да можете да кренете глава од понуди од спротивниот пол. На работа ќе добиете понуда за некој проект, но пред да ја прифатите понудата размислете прво како би постапиле и дали тоа е вистински проект за вас. Бидејќи се ближи лето, можеби е вистинско време да почнете да внимавате на вашата исхрана. Партнерот посебно ќе биде изненаден од вашата досетливост во кревет.
РИБИ
Ќе бидете преоптеретени со тоа на што да се посветите повеќе, дали на работата или семејството. Ќе се соочите со финансиски проблеми, а тоа дополнително ќе ве разочара. Излезете со пријател и кажете му што ви се случува, можеби ќе најдете некакво решение. 4 мај е вашиот среќен ден месецов, па очекувајте да ви се случи нешто убаво. Влеговте во прекрасен период на љубов и љубовни остварувања. И конечно ќе ја имате можноста да ви се исполнат сите желби на тоа поле.