Категории

(ФОТО) Принцезата Шарлот го прослави својот 5 роденден доставуваќи храна на изолираните лица

Малата принцеза на Кембриџ наполни 5 години, а Кенсингтонската палата објави неодоливи фотографии од тоа како таа го прослави својот роденден

„Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство ви ги споделуваат новите фотографии од Принцезата Шарлот по повод нејзиниот 5-ти роденден.
Фотографиите ги направи Војвотката од Кембриџ додека семејството ја подготвуваше храната наменета за достава на изолираните пензионери во локалното подрашје.“ – објавија од палатата на официјалниот Инстаграм профил на Војводата и Војвотката од Кембриџ.

По повод домашната прослава на роденденот на малата принцеза, блиски извори од палатата изјавија дека таа ќе го слави со своите најблиски. За жал на роденденската прослава нема да присуствуваат бабата и дедото Мидлтон бидејќи живеат во Беркшир, но тие испратија поклони до принцезата.

На фотографиите кои ги направи нејзината мајка војвотката Кејт, Шарлот позира со тестенини во рацете кои ги направи заедно со своите родители. Неодамна војвотката и принцот се вклучија во акцијата за поддршка за време на пандемијата против корона вирусот заедно со трите деца.

Во продолжение ви споделуваме неколку фотографии во чест на преслатката принцеза

Прегледи:
587
Објавено на:
03.05.2020