Најмалиот член на Британското кралско семејство – Арчи Маунтбатен-Виндзор го прослави својот прв роденден
Во последните неколку недели се заредија родендените во британското кралско семејство, а после серијата нови портрети со кои беа одбележани родендените на принцот Луис и принцезата Шарлот, на ред пристигна и малиот Арчи кој вчера направи една година.
Наместо класични портрети, принцот Хари и Меган Маркл одлучија да споделат видео во чест на малиот Арчи преку Инстаграм профилот на непрофитабилната организација Save The Children UK.
Во склоп на оваа акција во која се собираат донации, Меган за Арчи читаше сликовница, како што наведува тоа е неговата омилена детска книга “Duck! Rabbit!”, а видеото го снимаше гордиот татко во американскиот дом на брачниот пар во Лос Анџелес.