Категории

Нема врска со изгледот – Мажите можат да одлучат дали ги привлекува жената по само едно нешто

Само едно нешто е доволно за да го привлечете или одбиете

Гласот може силно да влијае врз тоа како другите ве доживуваат. Секој има специфична боја на гласот по која е препознатлив, а баш таа боја е една од најважните фактори за формирањето на првиот впечаток. Со други зборови, начинот на кој зборуваме често е поважен од тоа што кажуваме. Иако бојата на гласот е одредена со раѓањето, стручњаците тврдат дека во некоја мера можеме да ја промениме и со вежбањето.

Која боја на гласот е клучна за еден маж да биде веднаш маѓепсан?
Кога е заведувањето во прашање, бојата на гласот игра голема улога. Доволни се само пет секунди за кожата на мажот да се наежи и срцето да почне да им бие побрзо кога ќе слушнат привлечен женски глас. Во присуство на мажот кој им се допаѓа, жените несвесно ја променуваат бојата на гласот, односно почнуваат да зборуваат потивко, понежно и побавно. Истражувањата покажале дека на мажите им е најпривлечен женскиот глас за време на плодните денови кога хормоните најмногу влијаат врз гласот. Она што никако не го привлекува посилниот пол е кога жените зборуваат гласно, брзо и грубо. Од друга стрна, на жените им се привлечни длабоки машки гласови.

Прегледи:
424
Објавено на:
15.05.2020