Категории

Розеви коцки од само 4 состојки: Нежен вкус во кој ќе се вљубите! (РЕЦЕПТ)

Автентичноста на овој десерт е во специфичниот вкус на брусницата која се спојува со кремастото бело чоколадо и кокос.

Состојки:

  • 400 г веганско бело чоколадо
  • 320 г кондензирано кокосово млеко
  • ½ шолја суви брусници
  • прстофат органско цвекло во прав за поубава боја (по желба)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mei Yee (@nm_meiyee) on


Подготовка:

  • Стопете го чоколадото и додадете кокосово млеко.
  • Изматете ја смесата и додадете прстофат цвекло во прав.
  • Мешајте додека не добиете единствена смеса.
  • Додадете брусница и уште еднаш промешајте.
  • Помал плех или калап обложете со фолија или хартија за печење.
  • Ставете ја смесата во плех и ставете го десертот во замрзнувач да отстои од 2 до 4 часа.
  • Исечете го колачот на коцки и послужете.
Прегледи:
868
Објавено на:
15.05.2020