Ве водиме во Австралија, земјата на кенгурите во која важат некои помалку необични правила.
Австралија има една приватна територија која е поголема од цела Белгија.
Еден од најубавите градови во Австралија Мелбурн, некогаш се викал Батманиа.
Австралија е земја на кенгурите, а податоците велат дека моментално има повеќе кенгури од луѓе. Статистиката вели дека има 25 милиони жители наспроти 34, 3 милиони кенгури.
Австралија има повеќе од 10.000 плажи. Доколку би посетувале секој ден по една, ќе ви бидат потребни полни 27 години да ги видит сите.
Користат пластифицирани пари кои не може да се искинат, ниту да се оштетат доколку се намократ.
Ова е земја со најголеми пороци. Речиси 80% од жителите некогаш се коцкале во животот, а многумина од нив станале и зависни.
View this post on Instagram
Езерото Хил плени со својата убавина поради розовата боја. Научниците и понатаму не се сигурни зошто е тоа така.
Во оваа земја во книжарите се продаваат книги замотани во хартија на која е напишан краток опис на книгата, за ниедна од нив да не се двои. Пораката е дека на книгите не треба да им се суди според кориците.
10 најопасни видови на змии живеат токму во Австралија.
Коалите се заштитен знак на Австралија, како и кенгурите.
View this post on Instagram
Постои билка настаната во оваа земја која ќе ви предизвика повраќање само ако ја допрете.
Гласањето е задолжително во Австралија. Ако не излезете на гласање, ве чека казна.
Ова е втората земја во историјата која се изборила за еднакви права на жените.
Сѐ поголем број на луѓе одат во Австралија на одмор, но остануваат таму засекогаш поради добрите услови. Минатата година тој број изнесувал 62 илјади.
Наместо дадилка, во оваа земја е популарно да и платите на постара жена да се грижи за вашите деца, но и домашните обврски, како вистинска баба.
Најпопуларното женско име е Шарлот, кое станало актуелно по раѓањето на ќерката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Имаат најголем терен за голф во светот.