Категории

Неверојатни нешта за шампањот кои сигурно не сте ги знеле

Интересни факти за пијалокот без кој не може да помине нити една прослава

Сите го обожаваме овој пенлив пијалок, (освен можеби утрото после свадба), а првото нешто кое го научивме за шампањот е поврзано со негово име – За да биде именуван како шампањ мора да потекнува од францускиот регион Champagne. Но тука приказната не застанува, постојат уште неколку интересни нешта кои сигурно не сте ги знаеле за овој луксузен пијалак.

Шампањот е всушност шише обично вино
Трите сорти на грозје кои се користат за правење шампањ се pinot noir, meunier и chardonnay. Иако меурчињата на прв поглед не даваат впечаток дека се работи за „обично“ вино, можеме да бидеме среќни што производителите на шампањот знаат како на вистински начин да ги спојат овие различни сорти.
Меручињата во првото шише шампањ не биле планирани туку настанале поради грешка на винарот, поради која виното продолжило да ферментира во шишето.

Првите шишиња шампањ биле опасни
Поради меурчињата шишињата шампањ понекогаш буквално експлодирале, па шампањот бил познат како vin du diable (ѓаволско вино). Совладувањето на процесот на ферментација поради што шишињата веќе не експлодирале спонтано, бил важен дел од производството на шампањ каков што денес познаваме.

Шампањот бил нелегален се до 1927 година
Иако првите виногради постоеле уште во 1 век, Comite Champagne дури во 1927 го легализирал производството на шампањ и тоа во регионот Champagne кој се протега на 35,280 хектари.

Чепот на шише шампањ лета со брзина од 40km/h.
Истражувачите израчунале дека, доколку силно го протресеме шишето, чепот излетува со брзина од околу 40 километри на час.

Во пет шишиња шампањ се наоѓаат толкав број меурчиња колку и ѕвезди во Млечниот пат.

Прегледи:
728
Објавено на:
22.05.2020