Категории

Мрачната вистина за традицијата на носење на невестински вел

За време на оваа церемонија традиционално девојките го прекриваат лицето со долг проѕирен или чипкаст вел. Но иако голем дел од луѓето овој обичај го сметаат за прекрасен, потеклото е всушност далеку од романтично.

На секого му трепери срцето кога пред себе ќе види прекрасна, бајковита невеста, во долга бела венчаница која чекори кон својот избраник конечно да го изговори судбоносното „Да“ и да го поминат животот заедно. За време на оваа церемонија традиционално девојките го прекриваат лицето со долг прозирен или чипкаст вел. Но иако голем дел од луѓето овој обичај го сметаат за прекрасен, потеклото е всушност далеку од романтично.

Многу луѓе не знааат, но обичајот девојката на денот на својата свадба да го покрие лицето е постар со векови од обичајот на носење на венчаница. И всушност, во голем дел од историјата велот воопшто не бил ни провиден.

Голем број ентолози и антрополози се сложуваат дека потеклото на невестинскиот вел треба да се бара во антички времиња кога девојките на тој начин го криеле лицето за да се заштитат од злобните духови.

Гркинките и Римјанките во минатото носеле црвени и жолти велови кои го симболизирале огнот со цел да ги исплашат и истерааат од себе злобните духови и демони. Римјаните оделе толку далеку што во еден период од историјата биле потполно прекриени со црвен вел во текот на целата свадба.

Во Европа, договорените бракови биле нормални а има и такви кои тврделе дека велот го псречувал идниот маж да го види лицето на својата невеста се до крајот на церемонијата на венчавката.
Теоретски, ако не им се допаднело она што го гледаат кога невестата ќе го извадела велот, веќе било премногу доцна.

Денес овој обичај се гледа и во еврејската традиција во која невестите носат бел вел како би им докажале на сите дека младоженецот не се жени за девојката само поради нејзиниот физички изглед туку и поради духовните вредности.