Џована Антонели, познатата бразилска актерка која ја одигра Жаде – улогата на својот живот во култната серија „Клон“ пред 19 години.
Култната ТВ Новела која ја освои публиката ширум светот за епската приказна поврзувајќи ги истокот и западот, љубовта на Жаде и Лукас за која се зборуваше и прераскажуваше.
Џована Антонели се здоби со вртоглава популарност во улогата на Жаде. Иако тогаш имаше само 25 години, денес 19 години подоцна таа сеуште изгледа како да не остарела нити година.
Денес Џована сеуште е посветена на актерството, а има и своја beauty линија и парфеми со свој потпис. Таа е во брак со филмскиот директор Леонардо Ногеира уште од 2009 година со кого имаат две девојчиња близначки Антонија и Софија.
Уште додека траеше снимањето на „Клон“ таа беше во врска со партнерот од серијата актерот Мурило Беницио кој ја играше улогата на Лукас. Парот беше во брак само 2 години со кого го имаат синот Пиетро.