На љубовен план овие хороскопски знаци ќе имаат жежок почеток на летото
ВОДОЛИЈА
Љубовната енергија ќе го зафати овој знак овој месец а тоа значи дека Водолиите ќе бидат расположени да го доведат во ред својот љубовен живот. Благодарение на својата харизма и преубава енергија со која зрачат, сигурно нема да бидат игнорирани. Овој месец им претстојат доста љубовни понуди од кои ќе мора да ја изберат онаа која најмногу им одговара.
ВАГА
Вагите овој месец ќе доживеат просветлување кога е во прашање љубовта. Интересно е тоа што овој знак има тенденција најпрво да се насочат спрема себеси и своите чувства и цели. Овој месец тие ќе бидат опуштени и подготвени за впуштање во нови авантури, Јуни ветува дека ќе биде посебен за овој хороскопски знак.
БЛИЗНАЦИ
За Близнаците започнува нова ера. Конечно ќе бидат подготвени да заборават на сето она што било и да тргнат напред исклучително кон својата иднина. Ова значи дека ќе ги остават сите лоши нешта зад себе, а од досегашните искуства ќе извлечат лекции кои ќе им користат во иднина и најпосле ќе се отворат кон нови можности на љубовен план.
Сега е вистинскиот миг да откријат што вистински посакуваат. Ќе бидат подготвени да се стават себеси на прво место а со тоа ќе ја привлечат и вистинската личност покрај себе која ќе се однесува спрема нив онака како што посакуваат и им е потребно.