Категории

Црвеното вино го ублажува стресот и помага при опуштање

Научниците потврдуваат, црвеното вино помага да се опуштите

Многу луѓе сакаат кога на крајот од напорниот ден ќе испијат чаша црвено вино за да се опуштат. И овој пијалак навистина помага да се опуштите, тврдат научниците.

Виното содржи одредени состојки кои ги блокираат ензимите поврзани со стресот, анксиозноста и депресијата.

Научниците објаснуваат дека состојката ресвератрол помага во ублажувањето на стресот во мозокот. Кога сте под стрес или загрижени, во телото се произведува корикостерон, а премногу стрес значи овој хормон да циркулира во телото и да предизвикува ментални промени. Меѓутоа, една студија спроведена на мускулите покажала дека ресвератролот штити од корикостерон.

Оваа состојка во црвеното вино е поврзана со заштитата од срцеви болести.

„Ресвератролот може да биде ефикасна алтернатива во лечењето на депресија и анксиозни пореметувања“, вели водечкиот автор на студијата Јинг Шу.

Јасно е дека лекарите нема да им препишуваат црвено вино на луѓето наместо антидепресиви, но истражувањата покажаа дека ресвератролот може да се искористи за развој на нови лекови против депресија и анксиозност.

Иако после една чаша виново може да ви годи, немојте да претерувате. Според општите препораки, не би требало да пиете повеќе од 14 единици алкохол, а 250 мл вино содржи 3 единици.

Прегледи:
572
Објавено на:
19.06.2020