Во една прилика основачот на пилатесот, Јозеф Пилатес изјавил: „Секој момент од вашиот живот може да биде почеток на големи нешта.“
Започнувањето на нешто ново, особено нова рутина во вежбањето, може да биде тешко на почеток. Но, како и најголем дел од работите во животот, нема да зажалите откако ќе започнете. Постојат безброј причини зошто пилатесот треба да биде дел од вашиот живот.
1. Пилатес за рехабилитација по повреди
Системот на Јозеф Пилатес бил користен најпрво за да помогне при заздравувањето на војниците ранети во борба, а потоа танчерите кои се соочуваат со повреди, па токму затоа се става до знаење дека Пилатесот е особено поволен за оние кои што се опоравуваат од повреди. Додека многу луѓе вежбаат Пилатес за да ја зголемат својата сила, флексибилност и агилност, Пилатесот исто така го препорачуваат лекарите како третман за рехабилитација по повредата.
2. Со пилатес против астма
Неправилното дишење било уште една од примарните грижи на Јозеф Пилатес и тоа особено поради тоа што уште како дете се борел со хронична астма. Дишењето е еден од 6-те основни принципи на Пилатесот, а Јозеф Пилатес истакнува дека при вежбите особено е важно да се користи длабок здив. Тој посочил дека белите дробови треба да ги користиме како перничиња, преку кои ќе го испумпаме воздухот целосно во и надвор од телото. Затоа, користењето на секој здив и правилното дишење е составен дел од вежбите на Пилатесот.
3. Пилатес за подобрување на спортските перформанси
Пилатесот го активира целото тело – сѐ до глуждовите и стапалата. Тоа значи дека ниту една мускулна група не се избегнува или запоставува, а резултатот е рамномерно избалансирана мускулатура. Овој баланс не е само клучен дел од Пилатесот, туку клучен дел од животот.
4. Пилатес за карличниот дел од телото
Пилатесот е можеби најповолен за жените кога станува збор за одржување на здравјето на мускулите во карличниот дел. Мускулите на карличниот дел ја формираат основата – јадрото на телото, стабилизирајќи ја карлицата и ги поддржуваат органите на долната абдоминална празнина (како мочниот меур и матката). Мускулите на карличниот дел, заедно со мускулите на грбот и абдоменот, се дел од она што Јозеф Пилатес го нарекол „powerhouse“ на телото.
View this post on Instagram
Овој период од неколку месеци вежбаме од дома со PowerHouse Pilates преку апликацијата „Zoom“, а наскоро се враќаме повторно во сала. Направете чекор напред кон подобрување на своите навики. Здрав разум, тело и одлична кондиција со PowerHouse Pilates.