Категории

Џо Џонас и Софи Тарнер станаа родители! Му посакаа добредојде на своето прво дете заедно

Еден од популарните парови во Hollywood, Џо Џонас и Софи Тарнер споделија прекрасни вести со јавноста. Славните родители му посакаа добредојде на своето прво дете заедно!

Тие станаа горди родители на својата ќеркичка која го доби името Willa. Необично име кое се наоѓа на листата на првите 300 популарни женски имиња во Америка.

Пред некој месец познатата актерка и нејзиниот сопруг беа забележани на прошетка низ улиците на Лос Анџелес каде таа го покажа трудничкото стомаче.

Познатиот пејач и славната актерка стапија во брак минатата година во Мај.

Честитки до новото тричлено семејство! Иако веќе нема да гледаме слатки фотографии од трудничкото стомаче на Софи, ги очекуваме првите фотографии од бебето Willa кога новите родители ќе бидат подготвени да ги споделат со јавноста.