Категории

Кој чај е најдобар да се пие наутро?

Најчесто се зборува дека утринска шолја зелен чај ќе ви даде енергија но освен тоа можете да пиете и чај од нане, шипка или некој друг овошеј чај како брусница, лимон или боровница.

Иако чаевите е најдобро да се пијат измеѓу оброците, оние кои се навикнале на утринска шолја кафе, ќе посегнат по чајот пред појадокот.
Како и кафето, шолја чај на празен желудник може да го надразни но доколку сакате да го започнете денот со пијалак без кофеин тука постојат многу опции за вас. Изберете во зависност од вашите преференции.

Најчесто се зборува дека утринска шолја зелен чај ќе ви даде енергија но освен тоа можете да пиете и чај од нане, шипка или некој друг овошеј чај како брусница, лимон или боровница. Сепак ниеден чај не се препорачува да се пие баш секое утро, па најдобро е да изберете неколку опции и да ги конзумирате наизменично.

Зелен чај
Зелениот чај е традиционален чај на кинескиот народ.
Според едно истражување тој го намалува ризикот од заболувања и смртност од многу болести.

Зелениот чај го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и други заболувања а на тој начин го продолжува и животниот век.
Зелениот чај е корисен во борбата против акни, го олеснува варењето и помага во детоксикација на организмот што е добредојдена помош во спречувањето на настанувањето на акните.

Чај од нане
Чајот од наде е чај кој треба да го има секое домаќинство. Најчесто поради пријатниот мирис и вкус.

Речиси не постои болест која овој чај не може да ја излечи. Сепак најдобро е при купувањето да одбирате таков кој е со природен состав.
Чајот од нане делува смирувачки на нервите. Ако го комбинирате со рузмарин ја намалува психичката отпорност и ја лечи емотивната нестабилност.

Чај од шипка
Чајот до шипка е еден од најчестите чаеви кои се наоѓаат во домаќинствата. Тој е богат извор на витамин Ц, го зајакнува имунолошкиот состав и ја поттикнува природната одбрана на организмот, ја зајакнува отпорноста на многу болести. Тој исто така помага при регулирање на столицата. Тој се користи и за чистење на веќе настанат бесок и камен во бубрезите и мочниот меур.

Чај од лимон
Чајот од лимон е вкусен и лековите напиток. Го зајакнува имунитетот, делува антивирусно и антибактериски, чајот од лимон е исклучително добар за настин и грип, го подобрува варењето, и ги намалува мачнините.

 

Прегледи:
2026
Објавено на:
29.07.2020