Да се изгубат несаканите килограми е доста тешко, а што се влијае врз овој процес освен правилната исхрана и тренирање, стигнува мала помош за оваа мисија да ја завршите успешно.
Постојат неколку трикови кои можете да ги воведете во вашата секојдневна рутина кои помагаат кај губењето килограми и кои ќе ви дадат одговор на прашањето „Како побрзо да ослабам?“
1.Протеински шејкови пред спиење
Според едно истражувањето спроведено во Флорида, конзумирањето протеински шејкови може да ви помогне да ослабете.
Откриено е дека личностите кои пијат протеински шејк 30 до 60 минути пред спиење имаат подобар метаболизам и помал крвен притисок.
2.Исклучете ги дигиталните уреди
Користењето на мобилен телефон пред спиење, гледањето телевизија и изложувањето на сино светло го уништува вашиот сон и функциите на метаболзимот додека спиете. Спрема едно истражување најдобро е да спиете во потполно затемнета просторија.
3.Планирајте го идниот ден
Важно е да го планирате секој оброк со цел да имате контрола над тоа што јадете а не да ве фати паника кога ќе огладнете па да го земете она кое прво ќе ви дојде при рака. Затоа пред спиење испланирајте ги своите оброци за следниот ден, било да ги готвите или да ги купувате.
4.Будете се во исто време
Луѓето кои секој ден се будат во отприлика исто време имаат помалку килограми отколку оние кои имат пореметен распоред на спиење.