Категории

Домашни активности за кога надвор врне дожд

Никој не го очекуваше ова дождливо време на сред лето. Но, не можеме да речеме дека не ни се допаѓа, всушност, напротив, баш добро ни дојде и нѐ разлади. Ако ѝ веруваме на временската прогноза, вакво време може да очекуваме барем до крајот на претстојниот викенд, што значи дека викендот сите ќе си го седиме по дома :) Еве неколку предлог активности за како да го поминете времето.

Читајте книга

Ако сте од оние луѓе кои одамна го имаат заборавено ова хоби поради било која причина, викендов ви е одлична прилика на му се вратите. Појдете до најблиската библиотека или книжара, или читајте електронски книги на македонски јазик преку првата апликација за книги на македонски јазик.

Фотографирајте

Повеќето модерни телефонски уреди имаат одлични камери и веројатно имаат многу неоткриени функции. Правете интересни домашни фотографии или убави слики од балконот, макрофотографии од зеленилото дома или на балконот, интересни фотографии со капки дожд на лисја… можностите се навистина неограничени.

Уредете го просторот за живеење

Сега е совршено време за да ставите нови навлаки на перничињата во дневна, да ги преуредите полиците, да додадете некој интересен детал на балконот… направете малечки чекорчиња за да го направите домот посимпатичен.

Гледајте филм или серија

Уживајте во шолја од омиленото кафе и филмче или серија!

Вратете се во уметничките води

Сигурно во една точка додека траеше карантинот си купивте уметнички прибор и решивте дека ќе станете уметник, но ништо не се случи бидејќи немавте мотивација или инспирација. Нека дождот ве мотивира повторно да се вратите на четката и платното… не мора да биде совршен цртеж, не мора ни да биде убав – доволно е активноста на цртање Вам да Ви донесе мир.