Категории

Денес е светски ден на чудната музика – еве неколку жанрови на музика за кои не сте знаеле

Денес е светски ден на онаа музика која не ни е позната, или „чудна“ музика. Со сите модерни технологии, а особено Youtube и Spotify, лесно е да пронајдеме било каква музика, но често остануваме во комфорт зоната и ги слушаме истите 7 песни кои ни се вртат на плејлиста. Денес е ден да го прескокнете тој ритуал и да слушнете музика од непознат жанр или држава.

Денес е светски ден на онаа музика која не ни е позната, или „чудна“ музика. Со сите модерни технологии, а особено…

Posted by Среќа / Srekja on Monday, 24 August 2020

1. Catstep

Catstep се смета за малку поагресивен под-жанр на  filthstep, но со поагресивен музички стил и со понежни ноти.

2. Zouk

Zouk е жанр кој доаѓа од уличните карневали на Карибските острови Гвадалупе и Мартиник, во раните 1980-ти. Познат е по тропскиот шмек и брзото темпо.

3. Fado

Fado доаѓа од Португалија, од 1820-тите. Текстот на песните денес може да биде за било што, но историски, се работело за животите на сиромашните луѓе. Самата музика треба да следи строга традиционална структура, која е најчесто меланхолична и длабока.

4. Solipsynthm

Ова е повеќе за хипстерите. Овој жанр се опишува како „музика за соло лаптоп експерименталисти“ – и е токму тоа.

5. Neurofunk

Neurofunk e драм-ен-бејс кој излегол во Лондон во доцните 90-ти. Заменува брејкбитови со бекбитони, внесува фанк хармонии, и има влијанија од техно, хаус и џез.

Прегледи:
873
Објавено на:
24.08.2020