Категории

5 луди работи кои луѓе си изградиле во своите дворови

Повќето луѓе се среќни со тоа да имаат убаво уреден двор, со по некој цвет или дрво. Но, ништо не се ни споредува со овие 5 смешно-луди изуми. За некого е „будалштина“, за некого баш интересна забава.

1. Мал Париз 

Жерард Брион си имал сериозна задача. Тој си изградил минијатурен Париз во својата градина. Во текот на 15 години, Брион трпеливо работел на својот главен град, користејќи бетонски плочки, тегли и друго. Градот има и минијатурни улици, коли, реки и е поврзан со струја и навечер се осветлува. Сега, околу 15000 гости годишно доаѓаат да ја посетат оваа атракција во Јужна Франција.

2. Замок кој продолжува да расте

Ако мислите дека за минијатурниот Париз било потребно предолго време, ова ќе ве зачуди уште повеќе. Замокот на Џим Бишоп бил граден во текот на 40 години. Целиот го градел сам, почнувајќи од своја 15 годишна возраст. Купил два ара земја во Колорадо и изградил замок. Не користел тешка машинерија, се е изградено рачно. А, замокот се уште има делови каде што Бишоп планира да го надгради.

3. Домашен ролер костер

Кому му е потребен Дизниленд која може да има ролер костер во дворот? На Џон Иверс еден ден му здодеало од чекање во редици за да се вози на рингишпили, и си изградил сопствен ролер костер во дворот, кој е наречен Сина Риба. Дворот му е отворен за кој и да сака да се повози бесплатно. Ако имает храброст да го испробате, ќе влезете во модифицирано седиште за кола и ќе мислите дека ова ви е последно возење во животот :)

4. Вестерн град

Џими Хелмс си направил вестерн град во својот двор и го нарекува Њу Дубина. Градот го направил за 14 години, и сега има продавница, салон, училиште и малечка црква. Со скоро 22 зградички во својот двор, овој Вестерн град  е толку веродостоен што една ТВ продукција снимила неколку сцени од Вестерн филм тука.

5. BMX парк

Горди Тот ги отстранил сите дрва и цела трева од својот двор и почнал да копа дупки и да гради рампи. По 6 години, веќе имале целосно опремен бајкинг парк. Иако играњето низ овој парк го има младиот дечко коштано 13 операции и многу скршени коски, тој се уште се забавува во својот домашен BMX парк.

Прегледи:
571
Категории:
Занимливости
Објавено на:
25.08.2020