Личностите родени во знакот на ДЕВИЦА се оние на кои можете секогаш да се потпрете за било што.
Започна владеењето на Девицата и ќе трае се до 23 септември.
Девицата е шестиот знак во зодијакот. Таа е женски и земјен знак, и по својата природа е рационална и борбена.
Елементот на Девицата е земја, па личностите родени во овој хороскопски знак воглавно се занимаваат со конкретни нешта кои можат да ги искористат во пракса.
Девиците се реалистични и им веруваат исклучиво на своите чувства и логика, тие размислуваат аналитички и пристапуваат доста плански, па дури и кога се во прашање секојдневни активности како купување. Никогаш нема да се случи некој да ги натера да потрошат пари на нешто што не им е потребно или на некое друго место кога можат да најдат некое поефтино.
Тие дури ни некои факти не ги земаат „здраво-за-готово“ без претходно да не направат проверка, освен ако не се изнесени од страна на авторитети на кои им веруваат, а такви ги има вистински малку со оглед на тоа што Девиците се доста скептични, а нивниот вроден перфекционизам ги тера секогаш да го поклонуваат своето внимание на деталите.
Девицата е знак кој никогаш не препушта ништо на случајноста. Сака да држи се под контрола и да биде запрашана за се. Многу анализира, многу размислува за да се заштити себеси. Внимателна е и на работното место и затоа може да биде успешна.
Девиците го сакаат редот, а тоа ќе го забележите кога ќе влезете во нивниот дом затоа што таму се е на свое место. Природно се склони кон минималистички пристап, мебелот им е практичен, без упадлив ентериер, и речиси е невозможно нешто да ви „боде очи“.
Тоа секако не значи дка не се фантазиери и интересни личности, туку укажува на нивната потреба за едноставно и практично опкружување каде што се им е при рака.
Девиците се сестрани, со нагласен истражувачки дух, тие одлично се справуваат во предизвикувачки работи кои бараат прецизност, точност и концентрација.
Девиците се секошга искрени и го кажуваат она кое го мислат. Со нив секогаш знаете на што сте. Отворени се како во врските така и во односите со другите луѓе.
Дури и ако некој не им се допаѓа, нема да се плашат да го кажат тоа отворено и да му го дадат до знаење на личноста. Отворено покажуваат наклонетост кон личностите чие друштво им годи.
Од жена Девица нема никогаш да слушнете како озборува или трачари. Тоа едноставно не е нивен стил.
Девиците никогаш не забораваат ништо, дури ни најситните детали.
Тие се полни со идеи, кретивни и имаат бујна фантазија.
Ако имате некој близок роден во хороскопскиот знак Девица, слушајте ги нивните совети затоа што ќе ви бидат од сигурна помош.
Девиците се вистински пријатели со чиста и топла душа, а нивната позитивна енергија и харизма ќе ве освои.
Со оглед на тоа што се позитивни личности и искрени и верни пријатели, Девиците се миленици на сите.
Девиците се одговорни и организирани. Ретко прават грешки затоа што се дисциплинирани и секогаш сакаат да ги држат сите конци во рацете.
За малкумина може да се каже дека се тактични, а Девиците се токму такви.
Иако на прв поглед можат да ви делуваат срамежливи и повлечени, откако ќе ги запознаете подобро ќе сфатите дека сте биле во заблуда.
Девиците се исклучително храбри и никогаш не се откажуваат од своите цели. Тие се во состојба да се борат како лавици и на тој пат никој и ништо не може да им се спротивстави.