Се подготвува со неколку состојки од вашата кујна. Ги ублажува болките и опушта мускулите.
Масажата е одлична за мускулите, таа го зголемува тонусот, ги опушта, ги нормализира метаболичките процеси и има смирувачко влијание на нервниот систем. Ако при масирањето користите и соодветен мелем, резултатите ќе бидат уште подобри.
Одличен мелем кој се бори против грчеви и болки во мускулите и можете да го направите самите во својот дом. Тој делува длабински во ткивото, момнетално опушта и дава смирувачко чувство.
Начин на подготовка:
Во сад ставете пола шолја кокосово млеко и четврина шолја пчелин восок и стопете ги на пареа.
После тоа добро измешајте ја смесата и додадете 2 лажици ѓумбир во прав и 2 лажици куркура и 15 капки масло од лаванда. Повторно добро измешајте се додека не се соедини и ставете во стаклена тегла и почекајте да се излади.
Мелемот е подготвен за употреба. Се нанесува на болни и уморни мускули.