Кои нешта мажите вистински ги бараат и ги ценат кај една жена..
Да, мажите бараат, регистрираат и ценат некои вредности, и колку да ги обвинуваат за површност и еднодимензионалност. Стручњаците за односи и врски тврдат дека сепак тие не бараат божица на сексот, принцеза од бајките и филмска убавина, туку вистинска реална личност, што не е многу различно од она кое женскиот свет го вреднува и цени.
Автентичност
На мажите им се допаѓаат жени кои се свои, природни, автентични и реални. Иако ќе им се восхитуваат на глумиците и фотомоделите, во жената која ја сакаат покрај себе во секојдневниот живот, не бараат идеална слика, туку реална. Тука спаѓа и она на што денес текстовите од овој тип често не предупредуваат – природен изглед, односно одбивност врз претераната шминка и „маскирање“ до непрепознатливост.
Мажот сака наутро да ја препознае жената со која бил ноќта, па разни трикови за истакнување на убавината и прикривање на недостатоците ќе ги доживува како измама.
Но освен природниот изглед, автентичноста е нешто кое што зрачи од личноста, од вашата индивидуалност и самосвест. На мажите им се допаѓаат жени кои зрачат со оваа особина, кои се свои спонтани.
Самосвест и самодоверба
Тоа е нешто кое на сите ни е привлечно – и на жените кај мажите и на мажите кај жените. Самодовербата влева почит – но не во смисла на его и вообразеност, туку во онаа здрава смисла на свест за сопствените вредности, како и за своите слабости и ограничувања, во смисла на подготвеност да се научи она кое не се знае наместо да се прикрива незнаењето и да се вреднува она усвоеното, наместо лажна скромност.
Жената која верува во себе и е задоволна со себеси и својот живот, е привлечна како личност и како партнерка, како потпора и инспирација.
Убавина
Секако не на прво место, но убавината како што знаеме е во окото на посматрачот. Таа се забележува и остава впечаток, но не постојат некои стандарди на убавината кои жената треба да ги исполнува.
Не обидувајте се да се вклопите во никаков калап, туку потпрете се на својот тип. Изградете стил кој одговара на вашата фигура, висина, тежина, бидете уредни и чувствувајте се добро во својата кожа. Убавината и сексапилот зрачат како и самодовербата и автентичноста и не можат да се сокријат, а не е ни потребно особено да се истакнуваат.
Убавината на лицето и телото секако засенува, но ако не е надополнета со внатрешна убавина, таа привлечност многу брзо губи сила и значење.
Страст
Овде е потребно да се нагласи разлика помеѓу страственост и драматичност – мажите не сакаат драма и претерано бурни чувства кои ги збунуваат и преплавуваат, затоа што испраќаат збунувачки пораки.
Страствената личност е способна да се посвети, искрено да се предаде и да се залага и труди да не се откажува и подлегнува на промени на расположението, затоа што во страства повторно пронаоѓа мотивација. Страста е длабочина а не површност.