Категории

Најнова опасност од социјалните медиуми – Бенадрил предизвик

Интернетот е полн со секакви работи. Колку што има убави, интересни и едукативни текстови, видеа и фотографии, толку има и чудни и опасни информации и предизвици. 

Најновата Интернет опасност доаѓа од длабочините на ТикТок, каде што некои корисници на оваа популарна платформа, ги предизвикуваат другите да учевствуваат во Бенадрил предизвикот.

Бенадрил предизвикот е да се напиете толку многу Бенадрил што ќе халуцинирате.

Потребни се околу 10 алергиски апчиња за мозокот да почне да халуцинира. Но, истата таа доза води до мозочен удар, срцево заотровање и смрт. Всушност, 15-годишно девојче во Оклахома има починато поради предизвикот.

Деца кои охрабруваат други деца да прават нешто лудо, не е нова работа. Пред неколку години на Интернет имаше натпревар за јадење на Tide капсули, бидејќи изгледаа како бомбони. Пред тоа, инхалираа какао преку нос. Пред повеќе години, голтаа лажица полна цимет. Зошто вакви појави постојат, не знаеме. Но, она што го знаеме е дека најновиот предизвик е многу вирален и многу опасен, а сите млади луѓе се на ТикТок.

Прегледи:
1604
Објавено на:
09.09.2020