На 10. септември 2020 Театар за деца и младинци ќе гостува на 28. Меѓународен фестивал на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица со претставата КАСЕТА работена според истоимената драма на Денис Магнусон, во режија на Бесфорт Идризи.
Претставата говори за тинејџерката Тува, која не може да најде заеднички јазик со својот татко, за кој има мислење дека е многу здодевен и ништо не разбира. КАСЕТА има повеќе важни аспекти за младата публика. Од една страна открива цел еден музички свет, но истовремено од друга страна, се фокусира на семејните односи. Ова е една од неколкуте младински претстави на театарот.
Во претставата играат: Мики Анчевски, Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Винета Дамческа Мојаноска, Мартин Јорданоски и Ненад Митевски. Сценографијата е на Енес Деари, костимографијата е на Роза Трајческа Ристовска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска. Претставата е закажана со почеток во 20 часот.