Овој феномен ќе се случи точно на Ноќта на вештерките – 31 октомври оваа година.
На 31 октомври, на празникот Ноќта на Вештерките оваа година, ѕвездите на небото ќе добијат блескава сцена затоа што ќе ги осветлува Сината Месечина.
Овој редок феномен се појавува секои две до три години. Секако не се работи за тоа дека месечината ќе свети сино, туку се работи за полна месечина кога нејзината орбита е најблиска до Земјата отколку вообичаено, односно изгледа поголема и 30% посјајна отколку вообичаено.
Космичкиот приказ се случува седум пати на секои 19 години, што значи оваа појава ќе ја видиме дури во 2039 година.
Но она што е уште поинтересно е тоа што Сината месечина може да се види во целиот свет, прв пат после Втората светска војна.
„Седум пати за 19 години се случува ваква појава, во годината има 13 полни месечини. Тоа значи 11 месеци со по една полна месечина и еден месец со две полни месечини. Овој феномен кога се случува во месецот да има две полни месечини се нарекува Blue Moon, но тоа не значи дела ќе сјае сино.“ пишува Џејмс хју Пруит.
Иначе во оваа 2020 година ќе има уште една ретка појава: Оваа година ќе има вкупно 13 полни месечини на небото, додека во повеќето години се случуваат само 12.