Категории

Дизни ликови нацртани како модерни луѓе

Колку и да ги сакаме Дизни принцезите, може да се согласиме дека изгледаат малку старовременски. Нормално, бидејќи се нацртани одамна и со застарени техники на илустрација и анимација.

На пример, цртанот Убавицата и Ѕверот првпат е излезен во 1991, а Малечката Сирена во 1989.

Но, една 25-годишна илустраторка од Француска Гвинеја, им даде нов изглед на овие анимирани девојки и момци. Véronique Pierre прави трансформации на ликовите на Дизни и со тоа веќе има 631700 следачи и 13 милиони лајкови на TikTok, и 17500 следачи на Инстаграм.

Таа не ги црта принцезите само во весело светло. Вика: „Пренавикнати сме на тоа да ги гледаме принцезите среќни и весели, но вистинскиот живот не е таков. Сите имаме свои падови и успони.“

Некои од илустрациите се дури и сатирични, поврзани со нашето модерно секојдневие.

Погледнете ја галеријата од нашите омилени цртежи.

1. Убавицата од Убавицата и Ѕверот

2. Тиана (Принцезата и жабата)

3. Јасмин (Аладин)

4. Венди (Петар Пан)

5. Хад (Херкулес)

6. Шан Ју (Мулан)

7. Клејтон (Тарзан)

8. Џејн (Тарзан)

9. Пепелашка

10. Ариел (Малечката Сирена)

11. Круела Де Вил (101 Далматинец)

12. Црвената Кралица (Алиса во Земјата на Чудата)

 

Прегледи:
1038
Категории:
Галерија
Објавено на:
22.09.2020