Категории

Црвениот Крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Кисела Вода се вклучува во акција со прекрасна песна

Според традиционалниот календар на Црвениот крст на РСМ, секоја година од 21 до 27 септември се одбележува “Недела на промоција на хумани вредности”. Целта на неделата е промоција на култура, мир, соживот, толеранција како и поттикнување на активизам помеѓу младите луѓе. Оваа година, ќе се промовираат песни кои се напишани, аранжирани, компонирани и снимени од страна на волонтерите на Црвен Крст. Веќе еден месец младите го поминуваат креативниот процес на пишување преку кој треба да го опишат волонтирањето, помошта во заедницата, промените кои ги прават и добрината која ја шират.
Како и останатите Општински Организации, така и Кисела Вода ја сними песната и истата е веќе објавена на нивниот Youtube канал, Црвен Крст – Кисела Вода, под насловот „Подавај рака“.

Музиката е на Рамадан Шукри, аранжманот на Роберт Ангеловски, а текстот е напишан од страна на волонтерите.

Стиховите во песната совршено се совпаѓаат со видео записот, а веселите волонтери со сјај во очите и среќен израз на лицето. Но оваа организација не застанува тука, продолжува напред со нови и уште подобри проекти и предизвици.

Во снимањето на оваа песна и видео запис, вокална изведба се должи на Благица Ѕунѕуровска, Анастасија Илиевска и Македонка Стојановска, додека пак миксот и мастерингот се дело на Христијан Јаневски.

Во продолжение, оставаме на Вас да видите за што се работи:

Прегледи:
745
Објавено на:
22.09.2020