И оваа сезона сме вљубени во романтичните начини на стилизирање на косата со додавање на слатки додатоци, а овој пат тоа се – панделките.
Се што ви треба за да ја претворите вашата обична фризура во нешто супер шик е да додате еден детал, а тоа е панделка. Овој начин на украсување на косата особено се прослави помеѓу прекрасните французинки а ние едноставно не можеме да одолееме а да не посакаме да се чувствуваме како една од нив. Без оглед на должината на вашата коса овој додаток можат да го носат сите дами кои преферираат нежен и романтичен изглед.