Категории

Нездрави работни навики кои модерниот капитализам ги има наметнато врз младите луѓе

Во свет во кој што се’ се менува, сите ние се чувствуваме како цело време да треба да следиме се’, да бидеме секаде, да правиме се’, или некој помлад, поамбициозен, покреативен, едноставно ПОВЕЌЕ од нас, ќе не’ замени. И, тоа,  на долгорочен план, е проблематично.

Елон Маск, за својата работа во Тесла,  еднаш на Твитер напиша: „Има места на кои е  полесно да се работи, но никој никогаш не го променил светот работејќи по 40 часа неделно“.

Неодамна, на една млада жена на Твитер ѝ стана преку глава од ваквата култура, и напиша се’ во врска со нездравите работни навики кои модерниот капитализам ги има наметнато врз младите луѓе. Таа го кажа следново:

„Опсесијата на мојата генерација со тоа да се има изградена кариера пред 25 години, ги доведе сите до тоа да се хиперкомпетитивни, опортунисти, егоцентрични и длабоко несигурни. Посакувам сите малку да се подопуштат. Сосема е во ред да се експериментира и да се превземаат нови проекти, за да учиме нови работи за себе. Но, денес сите имаат толку лоши интерперсонални вештини. Секоја врска која не изгледа „продуктивно“ или совршено, важи за токсична. Луѓето градат корпорации, а немаат најдобри другари. Сите сакаат да бидат претприемачи, па ретко кој заедно со друг човек следи сништа. Сите сакаат нешто да градат сами, и 25 луѓе ја започнуваат истата фирма 25 пати наместо да се спојат и со заеднички сили да направат едно квалитетно нешто.

Работните навики кои нашата генерација ги има, се нездрави и паралелни се на работните навики на средовечни белци на Wall Street. Семејството е битно. Врските се битни. Прегледајте ги приоритетите и не врзувајте се на долгорочни бизнис планови пред да сте спремни.

И за крај, смеете да започнете проект со единствена причина да научите нешто. Потребата да се монетизира секое хоби е толку нездрава. Научете да кажувате: „Го открив тоа што ми требаше, и тоа е доволно“. Ќе ви го олесни животот.

Пораснав сиромашна и бездомна и уште немам доволно политичка и спиритуална корупција од страна на капитализмот, корупција врз моите вредности и врски, како голем дел од вас што си дозволувате. Ефектите на капитализмот се глобални.“

 

Прегледи:
502
Категории:
Кариера
Објавено на:
09.10.2020