Категории

Кога се обидуваш да заборавиш некого..

Ако се обидуваш да заборавиш некого кој некогаш бил еден убав дел од твојот живот, кој некогаш ти значел повеќе од било што – тажната вест е дека нема да можеш да го направиш тоа.

Не можеш да го поделиш своето сеќавање. Не можеш да ги издвоиш само оние нешта кои не ти причинуваат болка и сето останато да го избришеш како никогаш да не се случило, едноставно и колку да се трудиш тие нешта не одат така.
Немој да се обидуваш да ја пресечеш болката од своето тело. Немој да се трудиш да ја поттурнеш под прекривката нити да се обидеш да ја соркеиш некаде.

Не можеш да заборавиш, но можеш да се отпуштиш од тоа.. Но, нити отпуштањето не е толку лесно. Понекогаш едноставно треба да одлучиш да се оддалечиш од нештото кое како да ги зарило своите канџи во тебе и не те пушта.

Треба да ја пронајдеш таа цврстина во себеси. Знај дека тоа сеуште ќе биде таму, но само ќе биде подалеку од тебе.
Чекор по чекор со секој нов ден ќе станува се помало од видикот, ќе постои, но веќе нема да биде толку блиско како некогаш..
Тоа е единственото нешто кое треба да го знаеш.

Прегледи:
725
Објавено на:
10.10.2020