Категории

7 добри причини зошто секогаш морате да имате пиво во домот

Овој популарен пијалак од јачмен и хмељ не служи само за да се разладувате во студените летни денови. Еве зошто треба постојано да имате пиво во домот.

Пивото секако треба да се има во домот затоа што може да ви помогне да решите некои мали проблеми,еве за што се работи.

1.Заштитете ги градинарските растенија од полжави. Во мал сад истурете пиво, распоредете го секаде во градината и оставете да преноќи. Наутро ќе забележите дека полжавите не можеле да му одолеат.

2.Ослободете се од досадните мушички кои ја „опседнуваат“ чинијата со овошје на следниот начин: Во чаша ставете пиво и затворете го со прозирна фолија. Направете мал отвор. Аромата на пиво ќе ги привлече мушичките и нема да можат да излезат од чашата.

3.Доколку немате мачка, пивото може да ви помогне да се ослободите од глувци. Во мала канта истурете 1-2 цм пиво. Направете „пат“ по кој глушецот ќе помине. Пивото ќе го намами глушецот во кантата. Се што треба да направите после таквото „ловење“, е да ја изнесете кантата надвор и да го пуштите заробеникот на слобода.

4. Пивото е одлично природно ѓубриво со кое може да ги попрскате домашните и градинарските билки.

5.Пивото е одлично за полирање на златен и сребрен накит. Со помош на памучна крпа натопена во пиво повторно вратете го сјајот на парчињата накит.

6.Изветреаното пиво исто така може да се користи и за полирање на дрвен мебел. Истријте со намокрена крпа во пиво а потоа поминете со сува.

7.Пивото може да ви помогне да ги отстранете флеките од кафе. Истријте со помош на крпа натопена со пиво, повторете ја постапката неколку пати и флеките ќе ги снема.

Прегледи:
930
Објавено на:
09.10.2020