Категории

Слатки, но и едукативни факти за животни!

Нема човек кој не сака животни. Дури и да се плашите од некои од нив, сепак првата асоцијација со зборот „животно“ е нешто со чиста душа, нешто мило и слатко.

Досега имаме пишувано за илустрирани факти за животни, факти за кучињата, факти за морските прасиња, и на премногу наврати имаме пишувано други содржини за миленици, и генерално за животни.

Денес нашата дневна доза на слатки факти ја вадиме од виртуелната подгрупа на Редит, наречена Awwducational   каде што има секакви факти за најразлични животни.

  1. Тренирани афрички џиновски стаорци, имаат пронајдено илјадници неексплодирани мини и бомби. Истражувачите ги имаат истренирано овие стаорци да детектираат и туберкулоза, и од неодамна ги тренираат да можат да намирисаат „трофеи“ од нелегално ловство на Сафари на самите граници од афричките земји.
    Trained African Giant Pouched Rats Have Found Thousands Of Unexploded Landmines And Bombs. Researchers Have Also Trained These Rats To Detect Tuberculosis. And Most Recently They Are Training Them To Sniff Out Poached Wildlife Trophies Being Exported Out Of African Ports
  2. Гибоните се единствени нечовечки примати кои практикуваат моногамија. Двата родители имаат огромна улога во одгледувањето на децата.
    Gibbons Are One Of The Only Non-Human Primates Which Practice Monogamy. Both Parents Play A Vital Role In Raising Of Their Young
  3. Галебите тапкаат на земјата мимикрирајќи ја вибрацијата на дожд, со цел да намамат дождовни црви на површината.
    Seagulls Stomping On Grass Is Called, The Rain Dance. This Mimics Rain By Vibration, And Brings Earthworms And Other Bugs To Surface
  4. Капибарите се екстремно социјални животни и сакаат да се дружат со секакви други животни, вклучувајќи зајци, мачки, лами, пајки, кокошки, кучиња и желки.
    Capybara's Are Social Animals, Who Get Along With A Large Variety Of Other Animals, Including Chickens, Ducks, Dogs, Cats, Llamas, Rabbits And Turtles
  5. Алекс, афричкиот сив папагал, е единствено животно што досега има поставено егзистенцијално прашање. Тој прашал која боја е тој, самиот.
    Alex, The African Grey Parrot, Is The Only Animal To Ever Ask An Existential Question. He Asked “What Color” He Was
  6. Aзиската црна мечка ги има најголемите уши од било која друга мечка во светот.
    The Asiatic Black Bear Has The Largest Ears Of Any Bear Species
  7. Гепардите се толку срамежливи што во зоолошките им даваат куче за поддршка, и за да го „крши мразот“ во социјални ситуации, наместо нив!
    Cheetahs Are So Shy That Zoos Give Them Their Own Emotional “Support Dogs”
  8. Кравите имаат „Еурека“ моменти и се радуваат на своите искуства каде што учат нешто ново.
    Cows Have "Eureka" Moments, And Take Pleasure In Their Own Learning Achievements
  9. Мангалика е вид на дива свиња која е обвиена со волна, многу слична како на овците.
    The Mangalica Is The Only Pig Species Covered In A Long Wool Coat, Similar To A Sheep's
  10. Сините пингвини се најмалите пингвини. Возрасните единки растат до околу 30-33 cm висина. Поради малечката висина и магичната сина боја, често ги викаат „самовилски пингвини“.
    Blue Penguins Are The Smallest Type Of Penguin. Adults Reach Only 12-13in Tall. Owing To Their Small Size And Bright Color They Are Often Called Fairy Penguins
Прегледи:
656
Категории:
Животни
Објавено на:
10.10.2020