Категории

Слики од животни кои сигурно ќе ве насмеат!

Нема нешто поубаво од интересна слика со животинче, да ве насмее и да ви го разубави денот. Тоа што денес имаме доволно добра технологија да сликаме и снимаме секакви работи, е навистина голем благослов, кога доаѓа до слики со животни. Бидејќи навистина не постои човек кој не ги сака животните и лудориите кои тие ги прават за „сликање“.

Погледнете подоле галерија со смешни животни, и секако, наши „досетливи“ наслови за истите :D

 

Добар ден, ние сакаме да ви бидеме цимери. Да, сите ние, може ли?

 

Камуфлажа над камуфлажата! Дали можете да го приметите камелеонот врз војничката торбица??

 

За кај се сликаме, за Инстаграм? Стај филтер некој убав и тагни ме.

 

Она кога сите другарки ќе си ги викнеш дома на гости и нема кај да седите.

 

Безбедноста ни е на прво место!

 

Кој си носи чадорче, не наврнува! Кој си е мал сладок колибри, знае да си се заштити!

 

Се прашувам колку време ќе им е потребно да ме приметат…

 

Хипи крава која го следи трендод на фоткање во сончогледови полиња!

 

Ммм, зборувај ми, да, те слушам. Не, не замислувам дека те јадам, жими се’.

 

Тоа е Митре, животот тежок, децата на школо само пари бараат, жена ми само се расправа…

 

ВИДЕТЕ СО КАКВА ЛЕПОТИЦА СЕ СЛИКАМ, НАЈСРЕЌЕН СУМ!

 

Да си папнеме по едно ливче и да си се поднасмевнеме, што викаш мамичка? Убаво се живеело вака, нели? (Инаку ова животно се викат Квока (Quokka) и е автохтон вид на Австралија)

 

Еј ај види, можеш вака да направиш? Вака?? Даааааа!!

Прегледи:
1400
Објавено на:
20.08.2020