Категории

Боксерот Давид Ѓоргоќески постави балкански рекорд во склекови (ВИДЕО)

17-годишниот Давид Ѓоргоќески од Ѓорче Петров урна балкански рекорд во правење склекови за еден час, тој успеа да направи неверојатни 2604 склека.

Давид тренира бокс, а со ваквиот подвиг тој покаже дека во моментов е еден од најиздржливите луѓе на Балканот.

Рекордот во правење склекови го држеше Србин, а од денес е во рацете на Македонецот Давид Ѓоргоќески.

Во иднина тој планира да го сруши гинисовиот рекорд во правење склекови, кој изнесува 2919 склека.

Погледнете го видеото:

Прегледи:
865
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
13.10.2020