Атос, Портос и и Арамис биле роднини и мускетари во кралската гарда а Дартањан всушност стигнал до нејзин капетан. Со други зборови, Александар Дима не ги измислил ликовите во својот најпопуларен роман.
Дејството на авантуристичкиот роман на францускиот писател Александар Дима е сместено во 17 век, во Париз. Ова остварување ги следи згодите и незгодите на четири големи пријатели – Атос, Портос, Арамис и Дартањан додека се вплеткуваат во разни интриги и сплетки и прават се за да ја одбранат честа на кралот.
Малку кој од нас знае дека кога зборуваме за четворицата храбри момци и мускетари, ние всушност зборуваме за четири реални луѓе кои вистински постоеле, кои не биле измислени од страна на господинот Дима.
Самиот Дима во предговорот на романот напишан во 1844 година, укажал на тоа дека инцпирацијата ја црпел од историскиот роман под насловот „Мемоарите на монсињор Дартањан“ од 1700 година. Кога малку ќе се изгребе површината, откриваме дека хероите од нашето детство навистина биле кралски мускетари, но случувањата опишани во романот се измислени.
АТОС – Арман де Силеги Датос Дотевиј живеел од 1615 до 21 декември 1644 година. Бил Гасконец како и останатите јунаци од оваа приказна, бидејќи бил роден во комуната Атос-Аспис во Пиринеите. Служел во мускетарите и бил добар пријател на Дартањан. Не ја носел титулата гроф де ла Фере, тоа го измислил Дима. Загинал во двобој и бил погребан во плизина на француската престолнина – Париз.
ПОРТОС – Во реалниот живот се викал Исак де Порто, а потекло водел од Гаскоња. Бил роден во Берн на Пиринеите на 30 јануари 1617 година. Бил кралски мускетар како и роднина на Атос и Арамис. Не се знае многу за него освен дека имал два сина, Арноа и Жан, и после смртта на својот татко го ја напуштил гардата и почнал да работи како секретар во парламентот во својот роден град. Се знае дека починал од мозочен удар на 13 јули 1712 година во длабока старост, погребан е во капелата Сен-Сакремен во црквата Света Мартина во Поу.
АРАМИС – Историската личност врз која е заснован овој лик се викала Анри Дарамис. И тој исто така бил од Гаскоња. Служел во мускетарите, како кралска гарда. Живеел од 1620 до 1655 година, иако некои извори ја споменуваат и 1674 година како негова смрт. Бил од благородно потекло, бил внук на грофот де Тревилја кој го повикал во Париз заедно со неговите роднини Атос и Портос.
ДАРТАЊАН – Во реалноста се нарекувал Шарл де Бак-Кастелмор Дартањан и бил роден околу 1611 одина во Лупиак во Гаскоња, а сигурно се знае дека загинал во опсадата на Мастрихт на 25 јуни 1673 година. Служел како шпион во служба на кардиналот Мазарин а подоцна служел кај кралот Луј 14-ти како мускетар па така станал и капетан на гардата. Едно време бил и гувернер. Прочуена е неговата улога во апсењето на Николас Фуке, главниот кралски ризничар кој бил обвинет за проневера откако изградил грандиозен замок кој го отворил со екстравагантна прослава. За да го спречи да побегне од притвор и поткупување на стражарите, Дартањан го чувал лично четири години.