Категории

Меган и Хари со нов портрет – Војвотката се пофали со часовникот на принцезата Диана

Меган и принцот Хари застанаа пред фотограферите за прв пат после напуштањето на кралските должности и преселувањето во Америка. Поранешната кралска припадничка на раката го носи часовникот на принцезата Диана кој е подарок од принцот Хари.

Американскиот магазин “Time” ги додаде Хари и Меган во специјалното издание “Time 100 Talks” како едни од највлијателните говорници на светот. По тој повод настана црно-белата фотографија, прва после напуштањето на кралската палата.

Расположени и насмеани Хари и Меганн позираа пред фотоапаратите, а еден детал на раката на Меган го одвлече сето внимание. Во чест на мајката на принцот, покојната принцеза Диана, Меган одлучи да се фотографира додела на левата рака го носи скапоцениот часовник на Лејди Ди –  златниот Cartier Tank Francaise часовник кој припаѓаше на принцезата. Неговата вредност се проценува на околу 23,000 долари.

Прегледи:
683
Објавено на:
24.10.2020