Фармер од Сардинија останал вчудоневиден кога забележал дека едното од петте младенчиња на неговото куче златен ретривер се разликува од другите, и тоа по бојата на крзното кое било зелено.
Женка по име Спелација окучила четири кученца со бело крзно, иста боја како и нејзиното и едно куче со зелено крзно. Тоа го добило името Пистачио – (ф’стак).
Се верува дека необичната пигментација на крзното се појавува кога кучето ќе дојде во контакт со пигментот биливердин кој е присутен во матката на животните.
Кученцето, меѓутоа, нема да остане зелено. Неговата боја започнала да бледее како што расте.