Додека човештвото се обидува да пронајде вонземјански живот, треба да имаме во предвид дека доста е возможно и вонземјаните да трагаат по нас во исто време.
Нова студија покажала дека околу илјадата блиски ѕвезди и планети во нивните системи се добро позиционирани да откријат живот на Земјата.
„Доколку постојат набљудувачи кои не бараат (од планетите околу овие ѕвезди), би биле во состојба да видат знаци на живот на нашата сина планета. Некои од тие најсветли ѕвезди можеме да ги видиме ноќе без двоглед или телескоп“ – вели водичот на истражувањето Лиса Калтенегер, професорка по астрономија на Универзитетот Корнел.
Астрономите до сега откриле повееќ од 4.000 егзопланети со помош на „транзитен метод“ со кој се регистрира мал пад во блесокот на некои ѕвезди секој пат кога ќе ги скрие планетата додека кружат околу неа.
Оваа стратегија на откривање е доста успешна, а тоа го докажал вселенскиот телескоп „Кеплер“.
Наскоро истражувачите ќе можат да скенираат армосфера во блиските планети за знаци на живот. Таа потрага ќе биде задача на новиот вселенски телескоп на НАСА – „Џејмс Веб“ вреден 9,8 милијарди долари кој ќе биде лансиран наредната година.
Меѓутоа, во новото истражување Калтенгер и нејзиниот колега Џошуа Пепер од Универзитетот Лихај, разгледале и други перспективи – дека всушност ние сме предмет на набљудување а не набљудувачи.
Со анализирањето досега се собрани податоци од идентификувани ѕвезди на оддалеченост од 326 светлосни години, кои биле рамни со еклиптичното патување на Земјата околу сонцето,
Пристигнале до бројот 1,004 ѕвезди кои се слични на нашето Сонце кои се наоѓаат во централна фаза на својата еволуција, односно вршат фузија на водород во хелиум во своите јадра.
Од тоа, 508 од сите 1,004 ѕвезди гарантираат најмалку десетчасовно набљудување на Земјиниот транзит околу Сонцето, наведуваат Калтенгер и Пепер во новото истражување објавено во магазинот Monhtly Notices of the Royal Astronomical Society.