Категории

Емили Ратајковски е бремена – Полот нема да се открие додека детето не наполни 18 години

Моделот Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг Себастијан Бер Меклард наскоро ќе станат родители. Таа откри дека е бремена во специјално видео за Vogue во кое позира гола.

„Откако јас и мојот сопруг објавивме за бременоста, после сите честитки кои ги добивме сите не прашаа кој е полот. На тоа прашање ние сакаме да одговараме дека нема да го дознаеме се додека детето не наполни 18 години и тогаш само не не извести. Сите се смеат на тоа.“ – изјави Емили.

„Мојот сопруг сака да вели „бремени сме“. Му велам дека иако е тоа слатко, не е потполно вистина. Негодувам што ДНК-та на целото негово семејство е во мене и што мојата ДНК не е во него. Му велам дека тоа е неправедно и двата се смееме. Тоа е некој вид на шега, како и забелешките за полот на нашето дете, позади тоа стои вистина. Бременоста е доста осамена затоа што тоа е нешто кое жената го прави сама, во своето тело, без оглед на околностите.“

 

Парот се венча во 2018 на интимна неофицијална церемонија.

Прегледи:
695
Објавено на:
28.10.2020