Тоа е случај кој изгледа како да дошол некаде од 1950-тите, а не од земја во која постои рамноправност помеѓу половите – е коментарот на судијката која решаваше овој случај.
Сопругот изјавил на суд дека неговите страдања траеле две години. Освен што живеел гладен и во неред и не се сеќавал на својот последен пристоен оброк, рекол дека жената повремено го исфрлала и од спалната соба.
Мажот од селото Сонино во Италија прво ја пријавил во полиција својата пет години помлада сопруга со образложение дека го занемарува и злоставува така што не му чисти, не му пере и не му готви доволно.
Полицијата сето тоа го сфатила доста сериозно, но наместо да ја отфрлат објавата, односно да ја декларираат како семејна расправија, целиот случај го проследиле на суд а тоа „занемарениот“ сопруг едвај го дочекал.
И сето тоа би останало во доменот на добар виц ако полицијата и судот не би се заангажирале да го проучуваат случајот со месеци додека на жената не почнал да и се заканува 2-6 годишна затворска казна поради семејно насилство.
„Тоа е случај кој изгледа како да дошол некаде од 1950-тите а не од земја во која постои рамноправност на половите“ – прокоментирала судијката Мара Матиоли.