(ВИДЕО) Една жена побарала совет од стручњаци поради својот љубовен проблем.
Кејси од Америка се појави во една емисија кај доктор Фил, со цел да побара совет за тоа каде греши во врските, откако што размислува да го прекини бракот со сега својот 10-ти сопруг.
Се омажила десет пати и нема намера да се откае додека не го пронајде вистинскиот. Најдолгиот брак на Кејси траел 8 години, а најкраткиот 6 месеци и сега размислува повторно да се разведе. Оваа 56-годишна деловна жена се појави во емисија да побара совет за врските зошто никако не можат да и опстанат.
Кога докторот ја прашал: „10 пати? Навистина?“ Кејси одговори: „Да!“
„Дојдов до точка кога или ќе се смеам или ќе плачам поради тоа. Понекогаш го правам и едното и другото“ – изјави Кејси.
Иако се обидуваше да не се насмее, солзите сами почнаа да и паѓаат додавајќи дека таа овие нешта не ги смета за смешни.
„Кога сум во брак и едноставно не можам повеќе да издржам, обично сум првата таа која вели – Тоа е тоа, се разведуваме и јас заминувам“.
Првиот брак на Кејси траел осум години а се завршил така што била донесена заедничка одлука, но мажите според неа тоа никогаш не го прават. Нејзиниот втор брак траел малку пократко, седум години. Откако добиле син и биле верени две години, но набрзо откако се венчале, мажот престанал да покажува чувства и да и кажува дека ја сака.
Доктор Фил тогаш почнал да ги прегледува сите нејзини сопрузи, додека Кејси едноставно рекла дека веројатно ќе се откаже и од својот сегашен сопруг за кој тврди дека ја нарекол „наказна контрола“. Сега е во онаа фаза од својот живот кога е одлучна да се омажи за мажот од своите соништа и додава:
„Не ме интересира колку бракови се потребни, ќе се трудам се додека не го пронајдам оној кој може да ме сака“ – заклучи Кејси.