Најстариот внук на британската кралица боледувал од вирусот ковид 19 порано оваа година но тоа го сокрил од јавноста затоа што не сакал никој да биде загрижен за него.
Војводата од Кембриџ бил заразен од коронавирусот во април, отприлика во истиот период во кој реултатот од тестирањето покажал присуство на вирусот и кај неговиот татко, принцот Чарлс.
Принцот Вилијам не потврди јавно дека е болен но ијави дека има „важни нешта кои му се случувале“, и не сакал никого да загрижува со својата здравствена состојба.
Во Кенсигтонската палата одбија да ја коментираат оваа тема но не го демантираа тврдењето.
Неименуван извор изјави за таблоидот Sun дека принцот бил болен и дека прилично долго се мачел со вирусот.
Принцот го излечил лекарски тим од палатата а за тоа време целото кралско семејство било ставено во изолација.
И покрај тоа што бил болен, принцот во текот на април ги извршуваше своите кралски обврски преку видео разговори и телефонски повици.